Дома Фудбал „Не можам да имам полови односи, тоа е најголемиот проблем“: Тажна исповед на познатиот тренер

„Не можам да имам полови односи, тоа е најголемиот проблем“: Тажна исповед на познатиот тренер

Холандскиот фудбалски тренер Луј ван Гал и се обрати на јавноста и даде позитивни информации за неговата битка со ракот на простата, а призна и една тажна вистина кога се во прашање интимните односи.

Ван Гал, да потсетиме, се повлече од функцијата селектор на холандската репрезентација по Светското првенство во Катар во 2022 година. Тогаш ја дозна шокантната дијагноза.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Моето здравје? Добро сум. После три години зрачна терапија, инфекција на бубрезите, операција на простата, конечно можам да се борам. Можам повторно да мочам природно, што е важно. Но, не можам повеќе да водам љубов, тоа е најголемиот проблем – изјави Холанѓанецот за „РТЛ“.

Ван Гал откри и дека Баерн го повикал да им биде тренер оваа сезона, но тој морал да одбие.

Да потсетиме, тој еднаш даде интервју во кое беше прашан дали ракот го промени неговиот поглед на животот и во таа прилика рече:

„Не многу, навистина. Видете, јас потекнувам од семејство од девет браќа. Јас сум најмладиот. Татко ми почина кога имав 11 години. Почина на 53-годишна возраст. Мојата прва сопруга почина кога имаше 39 години. И сите мои браќа умреа прерано. Навикнат сум на смрт. Затоа знам дека смртта е дел од животот. Кога првпат слушнав дека имам рак, реков: „Во ред, тоа не е добра вест, но подобро да се обидам да направам нешто во врска со тоа“. Секој човек може да реагира различно. Затоа велам: „Биди свој“.

Во текот на својата тренерска кариера, Ван Гал ги водеше Ајакс, Барселона, АЗ Алкмар, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и во неколку наврати селекцијата на Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед доби „корпа“: Ливерпул бесплатно ќе се засили со голема ѕвезда!?

Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен е при крајот на неговиот договор и за неколку недели може д…