Дома Фудбал Нејмар: Судиите нека почнат да си работат својата работа

Нејмар: Судиите нека почнат да си работат својата работа

Селекцијата на Швајцарија приреди изненадување во нивниот прв натпревар против Бразил одигрувајќи 1:1.

После прекрасниот погодок на Кутињо во 20 минута, Зубер во второто полувреме на Швајцарија и донесе реми. Бразилците после натпреварот ги критикуваа противниците поради грубата игра, но и судиите за кои сметаат дека прикажале преголема толеранција.

Аналитичарите објавија дека Нејмар поставил рекорд како најфаулиран играч во последните 20 години на светските првенства.

Спорен беше и погодокот на Швајцарија бидејќи момент претходно Зубер го турна Мирада пред тој да ја испрати топката во мрежата. Нејмар после натпреварот испрати критики до судиите.

„Ми изгледаше како да беше фаул. Не треба јас да зборувам за тоа. Таа работа ја работеа четири професионалци, тие нека си ја работат својата работа. Не заслуживме таков конечен резултат“, изјави Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…