Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Нејмар „пукна“ не можел повеќе да издржи: И папагалите зборуваат, дојдете и направете нешто!

Нејмар „пукна“ не можел повеќе да издржи: И папагалите зборуваат, дојдете и направете нешто!

neymar

Можете да го сакате или мразите, но не можете да го оспорите тоа дека е еден од најдобрите во светот…

Ситуацијата на Нејмар пред Мундијалот не беше лесна. Поради повредата на стапалото во финишот од сезоната едвај успеа да се опорави за почетокот на Мундијалот. Во пријателските натпревари против Австрија и Хрватска најави враќање во форма, но во првиот натпревар во Русија разочара против Швајцарија во натпревар во кој беше жртва на бројните и груби прекршоци на Швајцарците…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Не се прослави ниту во денешното второ коло против Костарика. Во свој стил беше во центарот на вниманието после еден театрален пад. Главниот судија Кјуперс покажа на белата точка, но ВАР технологијата пресуди, па пеналот беше поништен.

Дека се наоѓа под голем притисок беше забележително и на крајот на натпреварот кога заплака. Многумина беа зачудени од неговата реакција, но после натпреварот ја отвори душата на друштвените мрежи и откри дека му е тешко низ ситуацијата во која поминува.

„Не знаат сите што се поминав за да стигнам тука каде што сум…Лесно е да се зборува и пагалите само зборуваат…Но, малкумина се оние кои можат да излезат и да направат нешто. На крајот плачев од среќа, поради олеснувањето и победата. Работите во мојот живот никогаш не биле лесни, па не се ни сега. Продолжуваме да го следиме нашиот сон Поточно, целта. Честитки до момците за одличниот натпревар“, напиша Нејмар после натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …