Дома Фудбал Репрезентации Нејмар по освоеното злато ја шокираше нацијата: Тоа е тоа, повеќе не сакам…

Нејмар по освоеното злато ја шокираше нацијата: Тоа е тоа, повеќе не сакам…

Бразил за првпат во историјата освои златен медал во фудбал на Олимписките игри. Домаќинот по одиграните 1:1, славеше на пенали со 5:4. Нејмар беше стрелец на голот од слободен удар во 26 минута, а потоа и на пеналот за победа.

„Тешко е да се најдат зборови. Му благодарам на Господ, моето семејство, соиграчите, после сите тешки моменти. Не критикуваа, но одоговоривме со игра на теренот, како секогаш што правиме. Многу сум среќен“, рече Нејмар, кој потоа ја шокираше нацијата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Тоа е тоа, доста беше. Повеќе не сакам да бидам капитен на Бразил. Не го правам ова зошто ми тежи капитенската лента, го правам поради тоа што ме принудивте на вакво нешто. Се надевам дека ќе можете да го прголтатe ова и сето она што го кажавте на стартот. Има многу што да кажам, но сега не е ни време, ниту место. Бев горд што ја носев капитенската лента на Бразил, тоа беше голема чест, но тоа го оставам зад себе. Селекторот Тите, сега може да избере друг капитен“, заклучи Нејмар.

Да потсетиме, Нејмар беше доста понижуван од своите сонародници на стартот на турнирот откако Бразил не ја започна добро групната фаза, па голем дел од фановите го прецртаа неговото име на дресовите со број „10“ и го ставија во прв план она на познатата фудбалерка Марта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

„Бомба“: Реал размислува да го врати Каземиро

Реал Мадрид би можел да направи прилично изненадувачки потег на трансфер пазарот и да го в…