Дома Фудбал Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018 Нејмар никогаш не слушнал за гол-машината на Србија

Нејмар никогаш не слушнал за гол-машината на Србија

0
neymar

Првата ѕвезда на Бразил и најскапиот фудбалер во светот, Нејмар не криеше дека никогаш не слушнал за еден од најдобрите српски фудбалери.

Непосредно пред почетокот на Мундијалот во Русија, Бразилецот раговараше со Србинот Давид Вујаниќ кој работи за „Копа 90“ и живее во Лондон.

Со Нејмар тој разговараше за очекувањата на ѕвездата на „Кариоките“, но и го запраша за еден од најдобрите фудбалери на Србија. Бразил со нашиот сосед ќе се сретне во последното коло од групната фаза.

„Нашите очекувања за овој Мундијал се големи и се надевам дека ќе направам нешто големо. Тоа е мој сон, ова за мене е второ Светско првенство и се надевам дека можам да му помогнам на Бразил и да ја израдуваме нашата земја“, изјави Нејмар.


Следете го Sportski.mk и на


Потоа Нејмар доби прашање дали слушнал за Митровиќ од Фулам кој важи за еден од најдобрите фудбалери на „Орлите“.

Одговорот на Нејмар беше краток: „Не…“

Сега, овој одговор на Бразилецот може да послужи како дополнителен мотив за Митровиќ да даде се од себе во натпреварот против Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018

Проверете

Традицијата важи и за најдобрите: Роналдо пееше пред новите соиграчи (видео)

Кристиано Роналдо мораше да ја испочитува традицијата во својот нов клуб и да отпее песна …