Најдобриот бразилски фудбалер во овој момент во својата татковина се опоравува од повредата на стапалото.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Токму Нејмар кој се очекува да биде предводник на Бразил (доколку повредата не се искомплицира) смета дека дека Бразил е најсилната репрезентација на Мундијалот.
„Бразил е најсилен и мило ми е што ја предводам оваа репрезентација. Ќе направиме се за да стигнеме до титулата“, изјави напаѓачот на францускиот шампион ПСЖ во разговор за „Глобо Еспорт“.
„Постојат многу квалитетни фудбалери и Светското првенство е собир на најдобрите. Салах не игра за силна репрезентација, но може да има добро Светското првенство. Тука се одличните Роналдо, Меси, Азар, Суарез...Меѓутоа моите соиграчи Хесус и Кутињо се играчи кои и тоа како можат да направат разлика“, порача Нејмар.
Бразил на Светското првенство ќе игра заедно во група со Швајцарија, Костарика и Србија.