Maкедонската репрезентација денес се собра пред историскиот натпревар во четврток против Грузија на гостински терен.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На 12. ноември Македонија ќе игра историски натпревар во кој ќе се бори за пласман на Европско првенство. Максимално мотивиран пред овој дуел е и Илија Несторовски.
„Конечно дојде до историски собир за натпреварот кој го чекаме 4-5 години. На овие тренинзи ќе ја спремаме тактиката за најважниот натпревар во историјата на македонскиот фудбал. Ветувам и јас и останатите дека ќе го дадеме максимумот“.
„Претходните два натпревари беа поинакви, сега ова е финале за пласман на Европско првенство. Нема многу тактики, тука одлучуваат срцето и желбата за победа. Знаеме кои се нивни добри и лоши страни, овие денови секако со селекторот дополнително ќе ги анализираме и максимално ќе се спремиме“.
„Ние поискусните не чувствуваме толку голем притисок затоа што имаме играно големи натпревари, па така гордо ќе ја претставуваме Македонија и се надеваме дека ќе се пласираме на тоа Европско првенство“, ијзави Нестор.