Дома Трансфер зона Нема повеќе големи трансфери: Кинезите воведуваат ограничување за странски играчи

Нема повеќе големи трансфери: Кинезите воведуваат ограничување за странски играчи

Кинескиот фудбалски сојуз одлучи да воведе ограничување за донесување на странски играчи во клубовите на бруто од три милиони евра годишно.

Претходно имаше случаи кога играчи кои доаѓаат од Европа во Кина заработуваат огромни суми, но сега Кинескиот фудбалски сојуз е одлучен да го спречи тоа.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Одлуката стапува на сила од 1. јануари и ќе се однесува на сите странци, дури и оние кои веќе играат во Кина.

Играчите чии примања надминуваат три милиони евра можат да потпишат дополнителен договор за начинот на исплата на разликата, но не се објаснува моделот по кој тоа ќе биде изведено.

Што се однесува за домашните играчи, нивните договори ќе бидат ограничени на 630.000 евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…