Во Група А од Лигата на шампионите, Галатасарај на гостински терен сензационално го победи Манчестер Јунајтед со 3:2, а решавачкиот гол за Галатасарај го постигна Мауро Икарди во 81. минута.
Јунајтед двапати водеше со головите на Хојлунд, а турскиот клуб се враќаше. Икарди промаши пенал во 78. минута, а Касемиро доби црвен картон. Ова е втор пораз за Јунајтед на отворањето на сезоната во Лигата на шампионите. Во првото коло загуби од Баерн.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Поразот од Турците е уште еден удар за веќе егзекутираниот тренер на Јунајтед Ерик Тен Хаг. Славниот клуб минува низ огромна криза, во првенството е десетти, а во Лигата на шампионите е закован на дното на табелата.
Со поразот од Галатасарај, холандскиот стручњак стана првиот тренер во модерната ера на Манчестер Јунајтед кој загубил шест од десетте воведни натпревари во сезоната.
Олд Трафорд не го памети тоа од 1986 година, односно од доаѓањето на Алекс Фергусон на клупата.
Во Лигата на шампионите Јунајтед загуби од Баерн и Галатасарај, а во Премиер лигата на седум натпревари „Црвените ѓаволи“ имаат дури четири порази. Загубија од Кристал Палас, Брајтон, Арсенал и Тотенхем.