Натан Аке, 22 годишниот репрезентативец на Холандија, ова лето би можел да го напушти Челзи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Аке во лондонскиот клуб настапува веќе шест години, но не успеа да се наметне и да се избори за место во првиот тим. За Челзи одигра 17 натпревари, а во главно беше испраќан на позајмица. Последната сезона ја помина во Бурнемоут.
Токму Бурнемоут размислува за откуп на неговиот договор, а за тоа ќе мора да плати дури 25 милиони евра. Бурнемоут не е единствениот заинтересиран клуб, Челзи преговара со уште неколку клубови од Премиер лигата.
Иако неодамна дебитираше за репрезентацијата на Холандија, Антонио Конте не смета на фудбалерот кој за Челзи дебитираше уште во 2012 година.