Дома Фудбал Неверојатно е што редарот му направи на момчето пред натпреварот АЗ – Астон Вила

Неверојатно е што редарот му направи на момчето пред натпреварот АЗ – Астон Вила

АЗ Алкмар беше домаќин на Астон Вила во третото коло од групната фаза на Конференциската лига, а Англичаните беа немилосрдни и победија со 4:1.

Пред натпреварот беше забележан млад навивач кој не може да престане да плаче. Навивач на тимот од Бирмингем постави впечатлив транспарент со кој го бара дресот на еден од неговите идоли, но тој брзо му беше одземен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Обезбедувањето на стадионот сметале дека пораката на момчето не е соодветна, поради што му го тргнале транспарентот. После се, момчето почна да плаче, а редарот се обидел да ја спаси ситуацијата тешејќи го малиот, но безуспешно.

„Се надевам дека играчот на Баер, Дијаби ќе го види ова видео затоа што е апсолутно неверојатно. Ова момче само сакаше дрес. Мене лично не ми се допаѓаат сите овие слогани и постери кои бараат дресови, но со сета почит, тоа е дете“, напиша еден од новинарите на социјалните мрежи.

Доколку веста стане вирална, не е невозможно Дијаби да се обиде да го пронајде момчето, и да му обезбеди дрес и потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вторпат во седум дена нападнат судијата кој го запроси својот дечко!

Фудбалскиот судија Паскал Кајсер стана познат во јавноста откако неодамна, за време на нат…