Дома Останати Кошарка НБА: Чудесната блокада обезбеди победа за Денвер, шампионот го претрпе првиот пораз (ВИДЕО)

НБА: Чудесната блокада обезбеди победа за Денвер, шампионот го претрпе првиот пораз (ВИДЕО)

0
golden state

Кошаркарите на Денвер вчера одиграа уште еден фантастичен натпревар во кој го победија Голден Стејт Вориорс.

После овој натпревар Денвер и понатаму е непоразен во новата сезона во НБА, додека за бранителот на титулата ова е прв пораз. Иако Вориорси беа фаворити, Денвер успеа да ги изненади.

Вориорсите подобро го отворија натпреварот и после 10 минути игра имаа предност од 25:17. Но веќе во втората четвртина, Денвер заигра многу подобро, а на полувреме се замина со 49:47 за гостинскиот тим.

Кошаркарите на Денвер беа одлични во третата четвртина кога направија двоцифрена предност. Сепак, Голдеј Стејт се врати во последените десет минути и беше јасно дека овој натпревар ќе го одлучуваат детали во финишот.


Следете го Sportski.mk и на


Откако Денвер поведе со 100:98, Голден Стејт имаше напад, Џонс имаше зицер, но со неверојатна блокада Хернангомез обезбеди победи.

Денвер ги предводеше Харис кој уфрли 28 поени, додека пет поени помалку додаде Никола Јокиќ. Во тимот на Вориорси, Стеф Кари запиша 30 поени.

Во останатите натпревари Атланта со 133:111 славеше против Кливленд, Сакраменто со 131:120 беше подобар од Оклахома, а во Лос Анџелес, Клиперси со 115:112 обезбедија победа против Хјустон.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Олимпијакос му приреди шок на Милан во Пиреа – го елиминираше уште во групната фаза од ЛЕ! (ВИДЕО)

Вечерва беа одиграни и последните натпревари од групната фаза во Лигата на Европа. Најголе…