Сите големи ѕвезди на светскиот фудбал се активни на социјалните мрежи, некои од нив имаат ангажирано експерти за комуникација, а некои одлучуваат само да се ангажираат околу Фејсбук, Твитер…
Еден од нив е и фудбалерот на ПСЖ и француски репрезентативец Блас Матуиди. Овој играч за врска на Твитер постави форографија со која веднаш стана предмет на потсмев во интернет заедницата.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Имено, сакајќи на својата девојка да и го честита Денот на заљубените побара помош од Гугл каде пронашол „архивска“ фотка која неспретно ја објави на Твитер.
Неговиот Твит веднаш стана предмет на потсмев, па фудбалерот мораше набрзо да ја тргне фотографијата.