Дома Фудбал Германија На сите проблеми на Баерн само уште ова му „требаше“

На сите проблеми на Баерн само уште ова му „требаше“

0
allianz arena

Нов целосно неочекуван проблем за Баерн Минхен.

Фудбалерите на Баерн во сабота ќе се обидат да ја прекинат негативната низа на домашен терен и да слават на „Алијанц Арената“ после скоро три месеци.

Последен пат Баерн на домашен терен во германското првенство славеше на 15-ти септември и од тој момент три пати ремизираше и доживеа пораз од Борусија Менхенгладбах.

Прилика да ја прекинат оваа низа фудбалерите на Баерн ќе имаат во сабота кога на „Алијанц Арената“ гостува Нирнберг.


Следете го Sportski.mk и на


Сепак, Баерн пред оваа средба се соочува со неочекуван проблем.

Целосно неочекувано за клуб каков што е Баерн, но се случи – „Алијанц Арената“ не е во добра состојба.

„Билд“ пишува дека компанијата „СГЛ“ која од 2009 година го одржува тревникот на стадионот на Баерн веќе превземала одредени чекори и поставила емитори на инфрацрвени зраци за тревата што побрзо да се подобри.

Комбинацијата од лед светла и инфрацрвени зраци би требало да помогнат тревникот што побрзо да се опорави и тревата побрзо да порасне.

Во Баерн се уште немаат одговор зошто подлогата е во лоша состојба, но сигурно дека ќе направат се за тревникот до натпреварот со Нирнберг биде во најдобра можна состојба.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Започнаа проблемите: Во Манчестер Јунајтед се одржал кризен состанок!

Како кула од карти брзо се руши довербата на Оле Гунар Солскјер после стартот од соништата…