Дома Фудбал На „Сан Сиро“ имало проблеми со ВАР: Калабрија побарал објаснување, па бил турнат од судијата

На „Сан Сиро“ имало проблеми со ВАР: Калабрија побарал објаснување, па бил турнат од судијата

Милан вчера го совлада Наполи со 1:0 во четвртфиналето од Лигата на шампионите, но во Милано сметаат дека победата можела да биде и поубедлива.

Незадоволен од одредени досудени ситуации на теренот беше фудбалерот на Милан Давиде Калабрија.

„Постојано судијата викаше по мене и Ди Лоренцо, имаше проблем со ВАР технологијата, не работеше, па работеше…Сакав објаснување, но четвртиот судија ме турна. Не ми е јасно зошто не ми дозволија да разговарам, јас сум капитенот на тимот.

Во таа ситуација дури добив и жолт картон, навистина тоа беше глупав жолт картон. Ако јас не можам да разговарам со судијата како капитен, кој може?!“, запраша Калабрија.

Меѓутоа во Наполи мислењата се спротивни и тие сметаат дека биле оштетени во некои ситуации, тоа го истакна и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас (ТУКА).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го запре налетот на Комо: Два гола за 19 минути и нов удар за Фабрегас

Еспозито и Турам ја решија пресметката на „Сан Сиро“ со 2-0, а Комо по шест победи во низа…