Дома Фудбал Лига на шампиони Елмас: Првпат играв како центарфор, а вакво судење немам видено

Елмас: Првпат играв како центарфор, а вакво судење немам видено

Наполи беше поразен со 1:0 на гости кај Милан во четвртфиналето од Лигата на шампионите, па сега на домашен терен ќе мора да „брка“ негатива.

Елиф Елмас доби шанса од првата минута на позицијата на „лажна деветка“ во отсуство на Осимен и Симеоне. Пофалби за неговиот настап изнесе и Спалети по натпреварот (тука).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Македонскиот репрезентативец истакна дека првпат играл како центарфор.

„За првпат играв каков центарфор и мислам дека беше добро. Сепак, повеќе сакам да играм странично. Одигравме добро, но за жал не постигнавме гол. Добро знаевме дека ќе биде тешко, Милан е актуелен италијански шампион, очеквуам дома резултатски да бидеме подобри“.

Елмас не беше задоволен и од судењето на главниот судија, Иштван Ковач.

„Не знам што би кажал, свиреше се против нас и скор осите добија опомени. Тие правеа фаули и не добиваа картони, ние постојано добивавме опомени. Вакво нешто немам видено, неверојатна ситуација во важен натпревар во Лигата на шампионите“, изјави македонскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Може ли Роналдо да го достигне невозможното? Во 2026 година има две јасни цели

Кристијано Роналдо низ својата долга и успешна кариера постави многу рекорди, кои на многу…