Дома Фудбал На „кралевите“ не им помина потегот „ала Мурињо“ – Одличниот бек суспендиран за осминафиналето

На „кралевите“ не им помина потегот „ала Мурињо“ – Одличниот бек суспендиран за осминафиналето

„Кралевите“ ќе бидат ослабени во првиот натпревар од осминафиналето.

Дани Карвахал ќе го пропушти следниот натпревар на Реал во најелитното европско натпреварување.

Бекот на Реал намерно заработи жолт картон во натпреварот против АПОЕЛ за да влезе „чист“ во нокаут фазата.

Карвахал имаше намера со таквиот потег да го пропушти натпреварот против Борусија Дортмунд кој немаше резултатско значење во шестото коло, но УЕФА по истрагата донесе одлука да го суспендира за првиот натпревар во нокаут фазата.

Да потсетиме, Карвахал одолговлекуваше со изведувањето на еден аут се додека судијата не му покажа жолт картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шест победи во Баку за Македонија У15, повредите го скратија изборот на Станковски

Македонската генерација 2011 заврши со шест победи на десет средби во форматот 7+1. По иск…