Дома Фудбал Најдобриот голман на светот беше исвиркан на доделувањето, Дрогба мораше да ја смирува публиката

Најдобриот голман на светот беше исвиркан на доделувањето, Дрогба мораше да ја смирува публиката

ЕМИЛИАНО МАРТИНЕЗ ја доби наградата за најдобар голман во светот на наградата Златна топка. Мартинез минатата година беше еден од хероите на аргентинската репрезентација на патот до светското злато.

Тој особено блесна на крајот од финалето против Франција кога спектакуларно го одбрани ударот на Рандал Коло Муани, а потоа одбрани два пенали.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поради ова и бурното славје по финалето, Мартинез доби свирежи кога синоќа се појави на доделувањето на наградата во Париз.

На крајот мораше да реагира водителот Дидие Дрогба, легендарниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска.

Дрогба побара од публиката да престане да свирка и да го почитува спортистот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик збеснал на ѕвездите на Барселона: Играте без дух, интензитет и желба за победа

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, бил бесен на своите фудбалери на утринскиот состанок по…