Најдобрата тенисерка во светот Ешли Барти реши да не учествува на турнирот на Ју-Ес Опен, кој е закажан да се одржи од 31 август до 13 септември.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Таквата одлука можеше да се почуствува уште кога првата тенисерка во светот не се појави на листата на пријавени за турнир закажан пред Ју-Ес Опен.
„Сакам да играм на турнирите, па ова беше тешка одлука за мене. Постои голем ризик со вирусот и не сакам да ја жртвувам мојата екипа и себе“, соопшти Барти.
Се очекува уште многу тенисерки и тенисери да се откажат од патувањето во Њујорк, без оглед на значењето на големиот турнир.
Освен Барти, на листата на пријавени за турнирот кој му претходни на Ју-Ес Опен не се пријавени уште Елина Свитолина, Бјанка Андреску и Наоми Осака, кои се во топ-10 на ВТА-листата.