Еден од најголемите италијански таленти за кого интерес покажуваат голем број на европски гиганти, Сандро Тонали отфорено флерутваше со „росонерите“.
Тонали игра за Бреша во Серија Б, па иако има само 18 години доби повик од Роберто Манчини и се очекува наскоро да дебитира за италијанската репрезентација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој со неговите партии го привлече вниманието на многу европски гиганти, а на Апенините веќе го доби епитетот „новиот Пирло“.
„Јас новиот Пирло? Можеби по стилот на игра, но мојот идол е Џенаро Гатузо, тој е мојата инспирација. Не знам каде ќе ја продолжам кариерата, но јас сум навивач на Милан“, призна Тонали.
Милан е силно заинтересиран за неговиот потпис исто како и Јувентус, Интер, Наполи и Челзи, а цената на овој тинејџер во моментов изнесува околу 20 милиони евра.
https://youtu.be/nFnc6fTtL0g