Дома Фудбал Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018 НАЈАВА МУНДИЈАЛ: Германија – „Панцирите“ спремни да ја променат историјата!

НАЈАВА МУНДИЈАЛ: Германија – „Панцирите“ спремни да ја променат историјата!

Остануваат точно уште 32 дена до почетокот на Светското првенство во Русија, па нашата редакција секој ден детално ќе ви претставува по една од 32-те репрезентации учеснички на Мундијалот.

Од 14-ти јуни до 15-ти јули фудбалот ќе биде главна тема во целиот свет, а се останато ќе биде споредно. Мундијалот се враќа на Стариот континет и ќе се одржи во Русија, поточно на 12 стадиони во 11 градови.

Натпреварите во групната фаза на Мундијалот 2018 ќе се играат од 14:00, 16:00, 17:00 и 20:00 часот по македонско време, а ќе има и еден кој ќе започнува од 12:00 часот.

Германија – актуелен светски шампион

Ред е ова детално претставување да го отвориме со актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Германија. „Панцирите“ и на ова Светско првенство според букмејкерите се прв фаворит за златниот медал.

Германија е сместена во Групата Ф, заедно со Мексико, Шведска и Јужна Кореја. Актуелниот светски шампион не би требало да има никакви проблеми да се пласира во следната фаза.

Првиот натпревар го игра против Мексико на 17-ти јуни на „Лижники“ стадионот во Москва со почеток од 17 часот.

Вториот натпревар го игра на 23-ти јуни против Шведска во Сочи, а последниот против Јужна Кореја во Казан во 16 часот.

Германија супериорно ги помина квалификациите за Светското првенство и оствари 10 победи од 10 натпревари. Притоа во целиот квалификациски циклус прими само 4 гола, а постигна 43.

„Панцирите“ на Мундијалот ќе играат во традиционалниот бел дрес, додека втората гарнитуира ќе биде во тиркизна боја, инспирирана од дресовите во 80те години, секако традиционално изработени од спортската компанија „Адидас“.

Кога ќе го погледнеме ростерот на Германија јасно е дека селекторот Јоаким Лев сериозно е ставен на „слатки маки“. Германија е репрезентација од која може да се состават барем три солидни екипи кои би се бореле за самиот врв.

Лев се уште не го соопштил конечниот список, па според нас ова се 23-та фудбалери кои ќе патуваат на Мундијалот.Тука ќе го сместиме и Мануел Ноер иако поголемиот дел од сезоната е повреден, но веќе се рехабилитираше и е спремен да се врати на терените.

Голмани: Тер Штеген, Мануел Ноер, Бернт Лено,

Одбрана: Матс Хумелс, Антонио Рудигер, Жером Боатенг, Џошуа Кимих, Хектор.

Среден ред: Месут Озил, Илкај Гундоган, Тони Крос, Емре Чан, Леон Горецка, Јулијан Брант, Себастијан Руди, Сами Кедира.

Напад: Лерој Сане Јулијан Дракслер, Марио Геце, Томас Милер, Тим Вернер.

Селектор: Јоаким Лев

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018

Проверете

Очекувано: Ремек-делото на Канга гол на колото во Лига Европа

Голот кој го постигна Гелор Канга во победата на Црвена Звезда над Ференцварош од 4:1 е из…