Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е силно заинтересиран за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и сака да го донесе на „Сан Сиро“.




Милан е во потрага по офанзивен фудбалер за врска, а тренерот Пиоли е голем симпатизер на квалитетите на Елмас.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Елиф Елмас има договор со Наполи до 2025 година, а италијанскиот клуб е спремен да го продаде ова лето но не за помалку од 40 милиони евра.




Џузепе Витоло, новинар од на „ТАГ24“ тврди дека Милан понудил 35 милиони, но Наполи бара уште 5 повеќе.




„Интересот на Малдини и Масара за Елмас е конкретен, Наполи сериозно ја разгледува опцијата да го продаде Македонецот. Понудата на Милан е блиска до очекувањата на Аурелио Де Лаурентис, тоа се 40 милиони евра , значи недостасуваат уште 5, но договор е можен за Елмас“, пишува Витоло.