Дома Фудбал Наполи против северот на Италија: Ние Наполитанците, сме сите Африканци!

Наполи против северот на Италија: Ние Наполитанците, сме сите Африканци!

После расистичките испади на навивачите на Фиорентина неодамна кои го навредуваат Калид Кулибали интересен транспарент се појави во Наполи.

„Ние Наполитанците сме сите Африканци“, поставено беше на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Навивачите на тимот од југот на Италија се познати како големи противници на оние од Северот на Италија за кои тврдат дека ги понижуваат со децении. Ова исто така беше еден од начините не само да се пружи поддршка на своите играчи туку и да се земе спротивен став во однос на северот на Италија.

Екипата на Лучијано Спалети игра одлично во Серија А и има седум победи во исто толку натпревари. Денес ги чека натпревар со Торино од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина Гоце Јовановиќ, долгогодишниот оперативец зад успесите на Балкан

Гоце Јовановиќ почина денеска во Скопје. Долгогодишниот генерален секретар на Балкан беше …