Дома Фудбал Италија Наполи го „блиндира“ Ким со нов договор

Наполи го „блиндира“ Ким со нов договор

Дефанзивецот Ким Мин пристигна минатото лето во Наполи и се покажа како одличен трансфер на италијанскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наполи за неговиот потпис му плати на Фенербахче 18 милиони, а Ким Мин одлично го замени Кулибали и се покажа во одлично светло.

Кореецот го привлече вниманието на Манчестер Јунајтед кој сака да го доведе на „Олд Трафорд“ на лето.

Меѓутоа, Наполи сигурно нема да се откаже од него и веќе започнал преговори за продолжување на соработката.

Италијанскиот клуб сака што побрзо да постави нова откупна клаузула, која сега изнесува 50 милиони евра и англиските клубови се спремни да ја платат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Понижување за Уругвајците: Американците ги претресуваа со кучиња по пристигнувањето во САД (Видео)

Фудбалската репрезентација на Уругвај имаше многу лош третман од страна на Американците, о…