Дома Трансфер зона Клоп го сака дефанзивецот на Наполи

Клоп го сака дефанзивецот на Наполи

Ливерпул е силно заинтересиран за дефанзивецот на Наполи, Кин Мин, пренесуваат италијанските медиуми.

Ким Мин пристигна минатото лето во Наполи и се покажа како одличен трансфер бидејќи во својата прва сезона се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кореецот го привлече вниманието на Манчестер Јунајтед, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Ливерпул.

Клоп смета дека Ким ќе биде идеален партнер за Ван Дајк и сака да ја победи конкуренцијата, па е спремен да понуди 60 милиони фунти.

Наполи сака да го задржи во своите редови, но останува да се види дали ќе може да ја одбие оваа понуда на „црвените“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Бернардо Силва се сели во Барселона

Англиските медиуми пренесуваат дека Бернардо Силва донел конечна одлука да го напушти Манч…