Дома Фудбал Наполи ги демантираше шпекулациите за Елмас – го издвои најдобрите од македонскиот „дијамант“ 🎥

Наполи ги демантираше шпекулациите за Елмас – го издвои најдобрите од македонскиот „дијамант“ 🎥

Во претходниот период во италијанските медиуми се појавија информации дека Елиф Елмас до Наполи поставил ултиматум за поголема минутажа во спротивно би можел да си замине.

Сепак, како еден вид демант сега стигна видео објавено на официјалните канали на клубот од Неапол. Калчолигашот објави видео со најдобрите потези на Елмас и така потсети на квалитетите на македонскиот репрезентативец.

Во медиумите се пишуваше дека Елмас минатата сезона иако одигра солиден број на натпревари, сепак проблем наводно било што повеќе влегувал од клупата за резерви. Сега се демантирани информациите за било каков проблем меѓу двете страни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Белгија, Унгарија и Белорусија во симулацијата: Македонија ги чека вистинските ривали

Една симулација за квалификациите за ЕП 2028 ја смести Македонија со Белгија, Унгарија и Б…