Дома Тенис Надал лесно против Ферер во Барселона

Надал лесно против Ферер во Барселона

Рафаел Надал обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот во Барселона, откако со 2:0 го победи својот сонародник Давид Ферер.

Надал лесно со 6-3 и 6-3 го победи Ферер и дојде до осумте најдобри во Барселона, каде ќе игра против подобриот од мечот меѓу Јан-Ленар Штруф и Стефанос Циципас.

Надал и Ферер го одиграа 39-от меѓусебен дуел, а „бикот“ од Мајорка го запиша 26-от триумф во меѓусебните пресметки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Прлаиновиќ играл со три лични грешки, но победата на Раднички останува!

Европската организација за водени спортови го призна пропустот во последните 57 секунди пр…