Дома Фудбал Навивачи на Барселона го ограбиле Левандовски: Му го земале часовникот, сакале и телефонот!

Навивачи на Барселона го ограбиле Левандовски: Му го земале часовникот, сакале и телефонот!

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски се соочи со мала непријатност на својот старт во Барселона.

Имено, тој бил ограбен од навивачите пред тренинг центарот. Левандовски застанал да се фотографира со фановите, а еден од присутните ја искористил таа ситуација да го ограби напаѓачот.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Каталонските медиуми пренесуваат дека Левандовски така останал без својот луксузен часовник вреден околу 70.000 евра.

И тука не завршило се, двајца други навивачи се обиделе да му го земат мобилниот телефон, но Левандовски успеал да се одбрани и да ги задржи. Полицијата интервенирала и ги пронашла лицата кои сакале да му го украдат телефонот, меѓутоа човекот со часовникот не е пронајден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гарначо ставен на трансфер листа, сигурно го напушта „Олд Трафорд“

Алехандро Гарначо сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок, пренесу…