Дома Фудбал Англија Навивачите си го кажаа своето: Мурињо ти си виновникот! (ФОТО)

Навивачите си го кажаа своето: Мурињо ти си виновникот! (ФОТО)

Во викендот кој е зад нас Жозе Мурињо и Манчестер Јунајтед претрпеа тежок пораз од Вест Хем (3:1) во Премиер лигата и веќе на големо се пишува за отказ на Португалецот.

Манчестер Јунајтед игра лошо, неретко и неатрактивно, светските медиуми пишуваат за конфликтот помеѓу Погба и Мурињо, Санчез „исчезна“, се создаваат кланови, а навивачите на Јунајтед јасно испратија порака кој е виновнен за таквата ситуација.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Една од фан страниците на Манчестер Јунајтед на својот Твитер го постави прашањето: Кој е виновен за моменталната состојба во Манчестер Јунајтед?

Понуден беа четири одговори и тоа: Жозе Мурињо, играчите, Ед Вудворд или сопственците.

Конечните резултати кажуваат дека 45% сметаат дека виновникот е Мурињо, 22% за виновник го означија Вудворд и семејството Глејзер (сопствениците), додека 11% ги обвинија играчите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …