По неочекуваниот пораз од Лука Нарди на мастерсот во Индијан Велс, фановите на Новак Ѓоковиќ почнаа да бараат објаснување за овој неуспех.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Навивачите сметаат дека Ѓоковиќ бил фокусиран на многу други работи непосредно пред турнирот и поради тоа не успеал најдобро да се подготви за настапот на Индијан Велс.
Додека беше во Калифорнија, Ѓоковиќ не го помина целото време на тренинзи и подготовка за турнирот, туку го искористи времето за да учествува на разни настани и да го зголеми својот јавен пристап.
Гледаше натпревар од МЛС лигата на Лионел Меси, присуствуваше на НБА-меч за да го и поддржи Никола Јокиќ, ги промовираше своите спонзори, објавуваше реклами за своите брендови, учествуваше како главен гостин на конференции и се сликаше со пејачката Кети Пери.
Така тие објаснуваат дека кога умот не фокусиран, поразите често се случуваат. Ѓоковиќ засега не се огласил на оваа тема