Дома Фудбал Мурињо тактично: Одбројани деновите на Ерменецот во дресот на „Црвените ѓаволи“

Мурињо тактично: Одбројани деновите на Ерменецот во дресот на „Црвените ѓаволи“

Манчестер Јунајтед од 21:00 часот го стартуваше мечот против Стоук во рамки на заокружување на 23. коло во Премиер лигата.

Победата е императив за пулените на Жозе Мурињо, особено по „киксовите“ со Сити и Челзи.

По објавувањето на поставите за овој меч, можеше да се забележи дека го нема Ерменецот, Хенрик Мхитарјан.

Некогашниот фудбалер на Шахтјор и Борусија Дортмунд е на излезни врати од „Олд Трафорд“, се споменуваше дека кариерата би можел да ја продолжи во Арсенал, како замена за Алексис Санчез, но како што се наведува тој не сака кариерата да ја продолжи во Северен Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов удар за Фиорентина: Понграчиќ паузира, неизвесен и за Хрватска

Повредата на десниот бут го оддалечува Марин Понграчиќ од терените. Италијанските медиуми …