Дома Топ вести Мурињо спрема грандиозен шопинг: Дефанзивец од 100 милиони и еден „шокантен“ трансфер

Мурињо спрема грандиозен шопинг: Дефанзивец од 100 милиони и еден „шокантен“ трансфер

Мурињо одлично ја започна својата авантура на кормилото на Тотенхем, но сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок.

Англиските медиуми тврдат дека раководството ќе му даде на располагање голем буџет на „Специјалниот“, а веќе е составана и шопинг листата.

Мурињо ќе се обиде да ја освежи одбраната и средниот ред, а главна „мета“ во јануари ќе биде Калиду Кулибали. Португалецот ќе се обиде да ја искористи лошата ситуација во Наполи и е спремен да понуди 100 милиони евра за потписот на дефанзивецот.

После шпекулациите дека Тоби Алдервирелд и Јан Вертонген наредното лето ќе си одат како слободни играчи, Мурињо сака да донесе дефанзивец кој долги години ќе биде столб на одбраната.

Што се однесува до средниот ред медиумите тврдат дека Мурињо спрема шокантен трансфер и сака да го ангажира поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини.

Фелаини моментално игра во Кина, но е спремен да се врати на Островот ако добие повик од Мурињо, а Португалецот одлично ги познава неговите квалитети и смета дека ќе донесе искуство во младиот среден ред на Тотенхем.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сите клубови да ги повлечат дресовите 8 и 24 и Коби да се стави на логото на НБА!

Коби Брајант е единствениот во историјата кој во еден клуб Пензионирал два броја. Првите 1…