Дома Трансфер зона Мурињо си „бендиса“ дефанзивец на Селтик

Мурињо си „бендиса“ дефанзивец на Селтик

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е силно заинтересиран за дефанзивецот на Селтик, Кеиран Тирни, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


20-годишниот шкотски репрезентативец може да биде првото засилување на „црвените ѓаволи“ за следната сезона, бидејќи Мурињо се спрема да направи значајни промени во дефанзивната линија.

Тирни во октомври потпиша нов 6-годишен договор со Селтик, па Јунајтед ќе треба да плати 20 милиони фунти, доколку сака да го донесе на „Олд Трафорд“.

Оваа сезона Тирни има 41 настап за Селтик на кои постигна 4 гола во сите натпреварувања. Интерес за него покажуваат бројни клубови од Премиер лигата, но Јунајтед е во пол-позиција за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…