Дома Фудбал Мурињо потврди: Погба ќе паузира неколку недели

Мурињо потврди: Погба ќе паузира неколку недели

Манчестер Јунајтед синоќа рутински го совлада Базел во Лигата на шампиони, но го загуби Пол Погба.

Пол Погба мечот со Базел го започна со капитенската лента на раката, но на теренот остана нецели 20 минути и мораше да биде заменет поради повреда.

„Искуството ми говори дека се работи за повреда на мускулот. Мислам дека неколку недели нема да биде во тимот“, потврди Жозе Мурињо.

Во наредниот период „црвените ѓаволи“ ќе играат против Евертон, Бартон Албион, Саутемптон, ЦСКА Москва и Кристал Палас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал трет во светот, но не и во хрватските топ 10: Објавени гласовите за „Златната топка“

Хрватскиот претставник му даде максимални 15 бода на Родри, а целосно го изостави Јамал. С…