Дома Фудбал Мурињо откри зошто го продал Де Брујн

Мурињо откри зошто го продал Де Брујн

Португалецот Жозе Мурињо екипата на Челзи ја водеше во два „мандати“, но два пати неговата авантура завршуваше со отказ.

Мурињо минатата година седна на клупата на Манчестер Јунајтед, а денес тој во англиските медиуми зборуваше за неговата одлука да го продаде Кевин Де Брујн додека беше менаџер на „сините“ од Лондон.

„Од своите фудбалери секогаш очекувам да се војници на теренот, без оглед дали некој е талентиран или не. Де Брујн ме воодушеви со играта кога пристигна, но со своето однесување го расипа впечатокот. Едноставно не сакаше да биде шампион, беше премногу мрзлив. Очекував многу повеќе од него, но тоа не го добив. Иако многумина сметаат дека направив грешка со продажбата, едноставно јас немав друг излез. Не сакав да имам играч со таков став во својата екипа“, изјави Мурињо.

Оваа изјава на Мурињо следуваше како одговор на изјавата на Де Брујн од пред неколку дена во која тврдеше дека со заминувањето од Челзи станал голем играч.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија оди по нов успех во Струга, Криезиу предупредува на ситните детали

Струга и Шкендија се среќаваат во 13. коло, а Алмир Криезиу ја нагласува важноста на психо…