Дома Топ вести Мурињо го убедува Дибала да му се придружи во Рома

Мурињо го убедува Дибала да му се придружи во Рома

Пауло Дибала се уште е без клуб и конечно ќе донесе одлука за својата иднина следната недела, пренесуваат италијанските медиуми.

Аргентинецот го напушти Јувентус како слободен играч, се веруваше дека ќе ја продолжи кариерата во Интер, но „нероаѕурите“ ги прекинаа преговорите откако го доведоа Ромалу Лукаку.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Според Џанлука Ди Марцо, во моментов само Рома и Наполи се заинтересирани за ангажман на Дибала, но и двата клуба му нудат помалку од тоа што Аргентинецот го бара.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Жозе Мурињо лично му се јавил на телефон на Пауло Дибала и го повикал да му се придружи во Рома.

„Волчицата“ му нуди 6 милиони евра по сезона, што е помалку од платата која ја заработуваше во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…