Дома Трансфер зона Мурињо го пушта Мата во Интер, но само под еден услов

Мурињо го пушта Мата во Интер, но само под еден услов

0

Шпанскиот плејмејкер Хуан Мата не е задоволен од својот статус во Манчестер Јунајтед и најверојатно уште во јануарскиот преоден рок ќе ја промени средината.

Мата беше стандарден на почетокот на сезоната, но во последните два месеци неговата минутажа значително се намали, па јасно е дека Мурињо не смета на него.

Интерес за Мата покажува Интер, а медиумите тврдат дека можно е Шпанецот да го видиме на „Џузепе Меаца“ уште во јануари.

Манчестер Јунајтед нема ништо против да го пушти Мата во Милано, но „црвените ѓаволи“ му поставија еден услов на миланскиот гигант. Мурињо ќе го пушти Мата во Интер само доколку во трансферот биде вклучен Жоао Марио.


Следете го Sportski.mk и на


„Специјалниот“ не крие дека е голем фан на Жоао Марио и сака да го види сонародникот во својот тим.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шпанците најавуваат сензација: Реал Мадрид тргнува по – Златан Ибрахимовиќ!?

Oсум часа и една минута Реал не постигна гол пред тоа конечно да го направи против Леванте…