Дома Фудбал Мончи го провоцирал Меси, а неговиот одговор за малку ќе предизвикал физичка пресметка

Мончи го провоцирал Меси, а неговиот одговор за малку ќе предизвикал физичка пресметка

Барселона синоќа после продолженијата ја победи Севиља со 3:0 и се пласира во финалето на Кралскиот куп.

И синоќа имаше многу искри на теренот, но и на трибините што не е чудно кога играат Барса и Севиља.

Во центарот на вниманието повторно беше спортскиот директор на гостите Мончи кој никако не можеше да се помири со поразот. Мончи уште еднаш се судри со Куман, а кога соиграчите на Барса застанаа во негова одбрана тој не се повлече.

Шпанските медиуми пишуваат дека Мончи тогаш почнал расправија со Меси на кој му порачал: „Секогаш сте победувале со помош на судиите.“, но Меси не остана должен и му врати: „Смири се, ќе си отидеш дома нервозен.“

Наводно, тоа уште повеќе го налутило Мончи кој се обидел и физички да го нападне Меси, но неговиот помошник успеал да го запре и испрати кон соблекувалната на Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Борусија не издржа, Сити до победа и полуфинале, на „Енфилд“ без голови“ 🎥

Во вечерашните двојки во четвртфиналето од Лигата на шампионите не видовме некое изненадув…