Дома Актуелно Монако одлучи да го задржи Желсон Мартинс

Монако одлучи да го задржи Желсон Мартинс

Фудбалскиот клуб Монако одлучи да го откупи договорот на Желсон Мартинс од Атлетико Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.

Мартинс другиот дел од минатата сезона ја помина во Монако за кого одигра добри натпревари, поради што клубот одлучи да го задржи. Португалецот кариерата ја започна во Спортинг за кого запиша 125 настапи и каде што го привлече вниманието на голем број европски клубови, а во трката за неговиот потпис победи Атлетико Мадрид.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Крилниот играч, кој на „Ванда Метрополитано“ пристигна минатото лето за сума од 20 милиони евра, не се снајде во шпанската престолнина, каде што за полусезона одигра само осум натпревари на кои поголем дел од нив влегуваше од клупата. По лошата полусезона, Атлетико одлучи да го испрати на позајмица во Монако, каде што Португалецот успеа на некој начин да ја „оживее“ кариерата. За ситуацијата во Атлетико и својата улога во екипата зборуваше и самиот играч.

„Кога пристигнав во Мадрид имав план да играм, сепак не е лесно да се влезе во тимот. Мојот стил на игра не се вклопува со тактичките замислувања на тренерот, бидејќи екипата игра дефанзивно и не користи многу крилни напаѓачи“, изјави Мартинс.

Мартинс за Монако во втората полусезона запиша 17 настапи на кои постигна четири гола и запиша две асистенции и така и помогна на екипата да го избедне испаѓањето од лигата.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Позната најголемата желба на Гвардиола

Манчестер Сити остана без еден од најважните фудбалери, Родри, кој заработи тешка повреда …