Дома Трансфер зона Можно ли е: Реал нуди фантастична „тројка“ за потписот на Хари Кејн!?

Можно ли е: Реал нуди фантастична „тројка“ за потписот на Хари Кејн!?

Реал Мадрид наводно е спремен на екипата на Тотенхем да и понуди тројца фудбалери во замена за Хари Кејн.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фантастичниот напаѓач на Спарсите во овие моменти без сомневање е еден од најдобрите фудбалери во светот. Погодок постигнува скоро во секој натпревар, а после одличните настапи интерес за него покажа Реал Мадрид.

Според информациите на шпанскиот медиум „Diario Gol“, управата на Реал е спремна на „петлите“ да им понуди фантастична размена.

Наводно, место понуда од 180 милиони фунти, претседателот Флорентино Перез на Тотенхем му нуди тројца фудбалери и тоа Герет Бејл, Карим Бензема и Лука Модриќ.

Меѓутоа, овие информации секако треба да се земат со голема доза на резерва. Такво нешто би било навистина невидено во светот на фудбалот, а изворот кој ја пренесуваа оваа информација баш и не е премногу доверлив.

Кејн во овој момент има договор со Тотенхем до 2022 година и токму тој е еден од фудбалерите кои би можеле да го срушат рекордот на Нејмар кој за 222 милиони премина во ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…