Реал Мадрид летово реши да се откаже од непотребните фудбалери за да заштеди пари и значително да го засили тимот следното лето.
Зидан е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе го наследи Лука Модриќ, а изборот паднал на 22-годишниот француски играч Хусем Оар од Лион.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Оар важи за еден од најголемите француски таленти, па сигурно ќе биде големо засилување за тимот на Зидан.
Меѓутоа, „кралевите“ ќе треба да ја победат конкуренцијата бидејќи за потписот на Оар се заинтересирани неколку европски гиганти.
Лион е спремен да го продаде Оар, а за неговата слобода бара 55 милиони евра.