Дома Фудбал Модриќ и понатаму собира награди: Тој е најдобриот спортист во светот!

Модриќ и понатаму собира награди: Тој е најдобриот спортист во светот!

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ од страна на Меѓународното здружение на спортски новинари е избран за најдобар спортист во светот.

Во изборот учествуваа вкупно 359 новинари од 87 земји, а тиа на крајот одлучија дека Модриќ бил најдобар во 2018 година.

Капитенот на репрезентацијата на Хрватска зад себе остави двајца тенисери, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер. Модриќ освои 419 бодови, Ѓоковиќ 337, а Федерер 290.

За најдобра спортистка на светот е избрана американската гимнастичарка Симона Биелс, а најдобар колектив, фудбалската репрезентација на Франција.

Ќе потсетиме, Лука Модриќ во минатата година ги освои наградите за најдобар играч од УЕФА и ФИФА, како и „Златната топка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиерлигашкиот сон почнува подолу: Зошто странските тренери го избираат Чемпионшип?

Полни трибини, голема видливост и можност за пробив во елитата: англиската втора лига стан…