Дома Фудбал Модриќ за Крос: Пријателе, постигнавме се, остана само уште еден

Модриќ за Крос: Пријателе, постигнавме се, остана само уште еден

Тони Крос оваа сезона ќе ја одигра до крај, потоа ќе и се стави на располагање на германската репрезентација за натпреварите од Европското првенство и потоа ќе се пензионира.

Фудбалерот од средниот ред, кој одамна стана легенда на мадридскиот гигант, тоа го потврди со емотивна порака на Инстаграм.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„17 јули 2014 година, денот на моето претставување во Реал Мадрид, е денот кој ми го промени животот. Мојот живот како фудбалер, но особено како личност. Тоа беше почеток на ново поглавје во најголемиот клуб во светот.

Денес, 10 години подоцна, на крајот на сезоната, тоа поглавје завршува“, ја започна својата порака Крос, а Лука Модриќ се збогува со Германецот, посакувајќи му заедно да стигнат до 15-та титула во Лигата на шампионите.

„Драг Тони, тешко ми е да ги напишам овие зборови. Светот на фудбалот е тажен затоа што си заминува еден историски фудбалер, а признавам дека и јас сум многу тажен. Мој пријател, ти си легенда на овој спорт и легенда на Реал Мадрид“, пишува Модриќ и продолжува:

„Навистина уживав кога играм со тебе. Навистина ми беше чест да играм со тебе во средниот ред на Реал. Имаш квалитети кои те прават единствен и посебен. Никогаш повеќе нема да има некој како Тони Крос. Незаборавни европски ноќи, титули, шарм на Бернабеу.. Никогаш нема да ја заборавиме оваа златна ера во нашите животи. Постигна се, но ти остана уште една работа. Заедно до 15. Ќе ми недостасуваш пријателе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…