Репрезентацијата на Хрватска ремизираше со Италија 1:1 во последното коло од групата Б на Европското првенство. Така, со два освоени бода завршува на третото место во групата и само во теорија има надеж за пласман во осминафиналето.
Хрватска водеше од 55. минута со голот на Лука Модриќ, но во осмата минута од судиското надополнување, односно во последниот напад на натпреварот, Матија Закањи ги шокираше избраниците на Златко Далиќ. Расплаканиот Лука Модриќ го коментираше натпреварот пред камерите на ХРТ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
“Не знам што да ви кажам. Некогаш фудбалот е суров и тоа денеска се покажа. Не знам каде судијата најде осум минути да продолжи. Жал ни е што не победивме, но што е тука е“, рече разочараниот Лука Модриќ по мечот, а на прашањето дали се надева дека ќе помине затоа што Хрватска се уште има теоретски шанси, тој рече:
„Тешко, на нас никогаш ништо не ни се поклопува. Требаше вчера со тој бод од Шкотска и Унгарија, па видовте, гол повторно беше постигнат во 99 минута, претходниот натпревар во 95, денес во 98. Некогаш не е судено, повторувам по трет пат, „Фудбалот е суров. Тоа најдобро ни се покажа денес“.
Сите се прашуваат дали ова е последен настап во Хрватска за Лука Модриќ.
Ќе видиме, сега не е време за тоа“, изјави Модриќ.