Дома Фудбал Англија Младата ѕвезда на Челзи не сака сега да се врати на терените: Татко ми астма, не дај боже да се заразам

Младата ѕвезда на Челзи не сака сега да се врати на терените: Татко ми астма, не дај боже да се заразам

Aнглиската влада неодамна даде зелено светло за враќање на Премиер лигата, спортските настани ќе бидат дозволени од 1 јуни.

Мислењата се поделени, некои се залагаат за што побрзо враќање на терените, додека други порачуваат дека не треба да се брза. Младата ѕвезда на Челзи Тами Абрахам не сака да се врати на терените во овој момент. Причината поради која тој сака да се игра кога ќе биде 100% безбедно е астмата која ја ја има неговиот татко.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


„Сите сакаме фудбалот да се врати, но и сите гледаме што се случува. И јас сакам да играме, ова беше моја прва сезона во Челзи и одлично ми тргна, затоа сакам првенството да продолжи. Но треба да се вратиме само кога ќе бидеме 100% безбедни. Татко ми има астма, па не дај боже ако се вратиме да играме и се заразам можам да му направам големи проблеми. Последно нешто што го сакам е да имам контакт со некој заразен“, изјави Абрахам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Флик нe „спие“: Германецот реши уште една голема дилема во Барселона

Барселона планира да го продолжи договорот со Војчех Шчесни до 2027 година, според извори …