Дома Фудбал Италија Михајловиќ по жестоката реакција заврши на трибините, „Старата дама“ е последниот патник во полуфиналето (ВИДЕО)

Михајловиќ по жестоката реакција заврши на трибините, „Старата дама“ е последниот патник во полуфиналето (ВИДЕО)

Јувентус е последниот тим во полуфиналето во рамки на Купот на Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Старата дама“ без проблеми славеше над Торино со 2:0.

Даглас Коста го отвори резултатот во 15. минута, а конечниот резултат го постави Манџукиќ во 67. минута од мечот.

Но, Торино не беше мирен. Имено, до самиот крај клупата на предводниците на Михајловиќ реагираше, па и самиот тој побара да биде поништен вториот погодок за црно-белите. Сепак, ниту ВАР кој мораше да биде употребен не им помогна на Торино.

Михајловиќ во еден момент реагираше остро на таа одлука, по што заврши на трибините.

Јувентус во полуфиналето ќе се соочи против екипата на Аталанта која вчера изненадувачки славеше над Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Понижување за Уругвајците: Американците ги претресуваа со кучиња по пристигнувањето во САД (Видео)

Фудбалската репрезентација на Уругвај имаше многу лош третман од страна на Американците, о…