Дома Фудбал Минатото лето блесна на СП, а сега на Копа Америка го режираше најлошoто симулирање (ВИДЕО)

Минатото лето блесна на СП, а сега на Копа Америка го режираше најлошoто симулирање (ВИДЕО)

Јери Мина, стоперот на Колумбија минатото лето влезе во историјата на Светското првенство како само третот стопер кој на еден Мундијал постигна три гола.

Тогаш блесна и влезе во историјата, а на Копа Америка во изминатата ноќ во натпреварот против Чиле го режираше најлошото симулирање во годината.

Во 61-та минута покрај аут линијата ја чуваше топката пред понискиот противник Едуардо Варгас. Мина се градеше со раширени раце и го удри Варгас по лицето.

На овој потег Варгас не возврати и продолжи да се обидува да стигне до топката на дозволен начин, меѓутоа Мина театрално падна држејќи се за нога како Варгас да му „скршил“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија оди по нов успех во Струга, Криезиу предупредува на ситните детали

Струга и Шкендија се среќаваат во 13. коло, а Алмир Криезиу ја нагласува важноста на психо…