Дома Фудбал Милер: Го одиграв веројатно последниот натпревар за Германија!

Милер: Го одиграв веројатно последниот натпревар за Германија!

Репрезентацијата на Германија вчера беше поразена од Шпанија со 1:2 во четвртфиналето на Европското првенство, а тој пораз значеше и крај на кариерата за Тони Крос .

Крос заминува во пензија и од клупскиот фудбал, додека уште еден фудбалер можеби го одигра последниот натпревар во националниот дрес на Германија.

Станува збор за Томас Милер кој такво нешто најави во изјава за медиумите по натпреварот.

„Веројатно ова беше мојот последен натпревар во дресот на Германија“, изјави Милер по натпреварот во Штутгарт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер сака да го задржи Турам, но со помала загарантирана плата

Планот за продолжување на договорот до 2031 година наиде на пречка: Турам сака најмалку да…