Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е силно заинтересиран за играчот за врска на Баерн Минхен, Хави Мартинез.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Милан сака да го засили средниот ред во зимскиот преоден рок со искусен фудбалер, а Шпанецот е одреден како трансфер цел број еден.
31-годишниот Мартинез има договор со Баварците до 2021 година, но и самиот е спремен да ја промени средината.
Оваа сезона ретко добива шанса во стартниот тим, па Милан е спремен да ја искористи таквата ситуација.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ се спремни да понудат помеѓу 15 и 20 милиони евра и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.