Милан е многу блиску до комплетирање на трансферот на ѕвездата на Порто, Отавио, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бразилецот на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, а веќе одби да го продолжи договорот со Порто.
„Скај Италија“ пренесува дека Милан веќе стапил во конаткт со неговиот агент и испратил понуда за четиригодишен договор тежок 2,5 милиони евра по сезона.
Весникот „А Бола“ тврди дека Отавио ја прифатил понудата на „росонерите“ и од лето ќе го облече дресот на Милан.
Отавио е офанзивен играч за врска и оваа сезона одигра 13 меча во португалското првенство на кои постигна 4 гола и запиша 4 асистенции.